| четврток, 6 декември 2018 |

УЕФА потврди, нема укинување на црвениот картон на Ибрахимовиќ

Европската фудбалска федерација (УЕФА) денеска потврди дека нема да му го поништи црвениот картон на Златан Ибрахимовиќ добиен на вчерашниот натпревар против Челзи.

Швеѓанецот во 30.минута по стартот над Оскар беше исклучен, а по завршување на натпреварот и домашниот тренер Жозе Мурињо рече дека Ибрахимовиќ не заслужил суспензија.
Напаѓачот на ПСЖ го критикуваше судијата Бјорн Кујперс кој му додели црвен картон.
– Неправедно бев исклучен. Кога го видов противничкиот играч ја повлеков ногата. Не видов дали тој одглуми. Важно поминавме понатаму, изјави Ибрахимовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top