| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Намалувањето на невработеноста е резултат на добрата политика на Владата

По последните информации на Заводот за статистика за намалување на невработеноста во Македонија, премиерот Никола Груевски истакна дека тоа е резултат на политиката и на чекорите што ги има презема македонската влада.

Намалувањето на невработеноста се должи, пред сѐ, на создавањето добра бизнис-клима за домашните и за странските компании кои сакаат да инвестираат. Исто така, креирање добра бизнис-клима, но и давање соодветна понуда на компаниите од надвор, во смисла на правење роуд шоуа, пристап до големите компании и нивните претседатели, ангажман на министрите кои се задолжени за привлекување инвестиции, ангажман на Агенцијата за привлекување инвестиции, на промоторите кои се испратени во триесетина држави во странство. Ангажман на сите други министри во однос на еден вид сервис на компаниите, и на домашните кои овде егзистираат и на оние кои се дојдени за да бидат задоволни од нивното работење тука и на некој начин да се охрабрат за наредна инвестиција, но и да нѐ препорачаат како држава на други компании кои размислуваат да инвестираат во Македонија – вели Груевски.

 

Невработеноста во Република Македонија се намалува континуирано, а не инцидентно, што е резултат на политиката и на чекорите што ги направивме како Влада и како држава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top