Денеска на прес-конференција го нагласи Васија Трпеновска од СДУ.
– Анализите кои СДУ ги направи во Битола изминатиот период укажуваат дека рејтингот на Клаудија Лутовска како личност во Битола е многу мал и незначителен во број на гласови и можеби е добро што решила да се продаде пред првиот изборен круг наместо откако партијата СДУ со квалитетот на својата изборна програма и гласовите на своите членови и симпатизери во Битола и обезбеди советничко место истото да го пазари и продаде на СДСМ. Нашите симпатизери и членови ќе ја казнат и нема да го дадат гласот за оваа личност. Тие можат да го дадат гласот за листата на советници и личности кои нудат просперитет на Битола, а со сигурност тоа не е листата на Сојузот на иднината и Менде Диневски – истакна таа.
Таа нагласи дека СДУ во Битола има свој кандидат за градоначалник и членовите и симпатизерите на СДУ во Битола своите гласови ќе ги дадат за бројот 18 и за кандидатот за градоначалник Ѓоко Дамевски.
На „Сојузот на иднината“ Трпеновска му порача дека, како што рече, ги немаат тие пари што може да ги купат Михаил Младеновски, Стојанче Трајковски, Чедо Саздовски, Филип Плашески и уште многу други кои секој ден преминуваат кај нив и оти со тоа ќе докажат дека сме вистински социјалдемократи и граѓаните на Македонија ќе знаат да го ценат тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.