Германската компанија ВИОКС-Дијалог отвори центар за контакт во Скопје, ЦМХ Солушн, кој ќе опслужува клиенти од Европа. Менаџерскиот тим е екипиран, а објавен е и оглас за вработување на првите 15 лица, од вкупно планираните 100 до крајот на годинава. Денеска канцелариите ги посети министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Веле Самак, кој разговараше со сопственикот и генерален директор на германската компанија, Кристоф Ебнер, и со Борка Илиевска, директорка на контакт- центарот.
– Во Македонија идентификувавме атрактивна бизнис-клима и млад кадар со одлични познавања странски јазици кои ќе можат да го поддржат растот на нашите глобални операции – изјави сопственикот на германската компанија ВИОКС-Дијалог.
Според министерот Самак, ова е уште една потврда за зголемениот интерес на германските компании за инвестирање во Македонија, особено во услужната индустрија.
– Со отворањето такви контакт-цeнтри се развива овој сектор и се создаваат работни места за високообразовен кадар со познавање странски јазици. Сите што имаат познавање на германскиот и на англискиот јазик и сакаат да работат со странските пазари и клиенти, имаат можност да се пријават на отворените огласи – истакна министерот Самак.
ВИОКС-Дијалог е компанија во доменот на давање кориснички услуги со седиште во Франкфурт. Компанијата неодамна одлучи својата нова експанзија да ја направи во Скопје. Бара лица за вработување со познавање германски јазик, а понатаму и со германски и англиски јазик за опслужување тековни и идни клиенти. Догорочниот план на сопственикот е контакт-центарот во Македонија да одржи континуиран раст на операциите.
Како следен чекор, компанијата ЦМХ Солушн планира соработка со Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје за создавање можности за практика на студенти што изучуваат странски јазици како дел од нивната редовна студиска програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Авиокомпаниите задолжително ќе го осигуруваат багажот и пратките
-
Компанијата „Галф“ обвинета за финансиски криминал, кај нас на отворањето удостоена со министри од Владата
-
Компанијата Лубринафт ќе произведува хидраулични и други масла за подмачкување во Неготино
-
Груевски денеска ќе присуствува на отворањето на компанијата „OneConnect“