| четврток, 6 декември 2018 |

Љупка Џундева на 81 година повторно ќе ја гледаме на театарската сцена

Vujko Vanja prestava 4 (Custom)

Љупка Џундева во „Вујко Вања“ го толкува ликот на дадилката на Соња

Љупка Џундева (1934) по пауза од десетина години повторно се враќа на театарската сцена. Доајенот на македонското глумиште в недела ја очекува премиера на антологиската „Вујко Вања“ во Македонскиот народен театар (МНТ). Последен пат Џундева играше во „Опасни врски“, кој беше на репертоарот на МНТ во 2006 година, а претставата се играше во објектот „Центар“. Таа е среќна што на нејзина возраст режисерката Зоја Бузалковска ја повикала да учестува во „Вујко Вања“.

– Не ме повикале одамна и кога ми се јавија и ме прашаа дали сакам до глумам во „Вујков Вања“ веднаш реков: Сакам! Многу го сакам Чехов, сум играла во две негови претстави. Многу ми е драго што играм на сцената на новиот театар, кој е изграден на местото на нашиот, стар објект. Кога играв во стариот објект на МНТ бев млада за улогите во драмите на Чехов – вели Џундева.

Таа е многу благодарна на своите колеги за целиот процес на работа, додека се подготвувала претставата.

– Благодарна сум како ме примија, како се однесуваа со мене, со голема почит, љубов и разбирање – рече Џундева.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top