| четврток, 6 декември 2018 |

Атланта избегна катастрофа во Денвер

Атланта хоукс не одигра  на нивото на водечка екипа во Источната конференција во НБА-лигата и претрпи убедлив пораз од 102-115 од Денвер нагетс.

Гостите од градот на „кока-кола“ беа на работ на катастрофа и губеа со 30 поени разлика, но на крајот успеаја да го ублажат поразот. Перо Антиќ по два меча пауза се врати на паркетот и постигна шест поени, сите од слободни фрлања. Македонскиот кошаркар не погоди ниту еднаш од поле од пет обиди.

Orlando Magic at Atlanta Hawks

Поразот на „јастребите“ го искористи Голден стејт и со триумф од 105-98 против Детроит за да ја зацврсти позицијата број 1 во Лигата. Атланта сега има биланс од 50-14, а Воините од Сан Франциско се подобри со скор 51-12.

Резултати: Денвер – Атланта 115-102, Милвоки – Орландо 97-91, Филаделфија – Чикаго 95-104(по продолжение), Шарлот – Сакраменто 106-113, Голден стејт – Детроит 105-98, Портланд – Хјустон 105-100, Феникс – Минесота 106-97, Бостон – Мемфис 95-92, Мајами – Бруклин 104-98, Оклахома – ЛА Клиперс 108-120. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top