Утрово во Македонија времето е променливо облачно со слаб северен ветер. Слаби врнежи има во Скопје, Куманово и во Штип, а слаб снег во Крива Паланка и во Крушево. Утринската температура се движи од -7 до 4 степени, и тоа: -7 Маврово, -3 Крушево -2 Лазарополе, Охрид, Битола, Дебар и Претор, -1 Берово, Крива. Паланка и Прилеп, 0 Струмица, 1 Скопје-Петровец, Тетово, Д.Капија, Виница, 2 Куманово, 3 Скопје-З.Рид и Штип, 4 Гевгелија и Дојран.
Во текот на денот ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Локално ќе има слаби врнежи, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со кратки сончеви периоди и со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Температурата ќе достигне до 8 степени.
И во наредните два дена ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за повремен локален дожд, а на планините локален снег. Потоа ќе преовладува стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.