| четврток, 6 декември 2018 |

Потпишување договор за реемитување на МРТ во Бугарија

MRT_1_new_logo

 Македонскиот јавен сервис и Бугарската агенција за кабелски и комуникациски оператори (БАККО) во Софија ќе потпишат договор за реемитувaње на програмите на Македонскиот јавен сервис.

На иницијатива на претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора Зоре Темелковски, Македонската телевизија  и Бугарската  асоцијација на кабелски и комуникациски  оператори денеска ќе потпишат договор со кој  ќе стартува реемитувањето на програмата на македонскиот јавен сервис на територијата на Бугарија.

Првите луѓе на МТВ и на БНТ  Марјан Цветковски и Вера Анкова  во јули минатата година  потпишаа Договор со што јавните телевизиски сервиси бесплатно ги отстапија  авторските права  врз кабелските оператори во двете држави, за реемитување на програмите.

Од декември 2014 година,  за гледачите во Македонија достапна и се реемитува програмата на Бугарската национална телевизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top