| четврток, 6 декември 2018 |

Почина поранешна мисица на Југославија

Поранешната Мис Југославија Динка Делиќ почина денеска во Сараево.

Според информациите објавени на „Дневни аваз“, на мисицата и се слошило во канцеларијата и паднала на подот, а се претпоставува дека имала срцев удар.

Динка е родена во Зеница. Откако триумфираше на изборот за Мис Југославија во 1984 година и се отворија вратите на домашната и светската модна сцена.

Последните години се занимавала со приватен бизнис во Сараево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top