СВР Битола поднесе кривична пријава против К.П.К.(54) од Скопје, за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.
Вечерта на 1 јануари, околу 00,10 часот, на плоштадот „Магнолија“ во Битола за дочек на Нова Година на која имало повеќе илјади граѓани пријавениот како одговорно лице во ДООЕЛ „Огнометика“ организирано испалил огномет, притоа предизвикуваќи опасност по животот и телото на 43-годишно лице од битолското село Единаковци, при што и била нанесена телесна повреда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.