| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо бара магија од публиката за елиминација на ПСЖ

Жосе Мурињо е голем мотиватор, а овојпат побара малку магија од публиката на „Стамфорд Бриџ“ за да се елиминира Пари Сен Жермен. Францускиот дрим-тим вечерва од 20,45 часот ќе се обиде да го изненади Челси во Лондон, во битка на два од петте најскапи состави на планетата.

Првиот меч заврши нерешено, 1-1 и мала предност поради постигнат гол на гости има Челси.

„Резултатот ветува неизвесен реванш, но ние нема да калкулираме, иако ни одговара реми без голови. Вечерва ни треба малку магија од трибините за да успееме да се пласираме во четвртфиналето“, изјави Мурињо.

Причини за оптимизам во таборот на Челси има многу, а во прв план секако е квалитетот на играчите. Сините од Лондон имаат супер ростер со екстра квалитетни ѕвезди кои можат да стасаат и до врвот на Европа. Надеж им дава и ланскиот триумф од 2-0 против истиот ривал, но во четвртфиналниот двомеч. Тогаш таа победа му овозможи на Челси пласман во полуфиналето со вкупен резултат од 3-3 и благодарение на повеќе постигнати голови на гостински терен.

„Полесно е да се каже дека ќе елиминирате клуб како Челси, одошто вистински да го сторите тоа на терен. Знаеме што треба да се направи, а гол во раната фаза ќе не доближи до пласман во четвртфиналето. Имаме повеќе искуство, благодарение и на ланската елиминација од истиот ривал, а тоа е мошне важно во вакво натпреварување. Челси има мала предност, а ние треба да играме со малку повеќе ризик од првиот меч, каде бевме на посакуваното ниво и го надигравме ривалот“, изјави Лорен Блан, тренерот на ПСЖ.

psz-om

Резултатот од првиот меч во Лвов, каде Шахтар успеа да му одолее на фаворитот Баерн ветува незивесен реванш и во Минхен. Двете екипи ќе стартуваат од 0-0, резултат со кој заврши првиот меч во Украина.

„Шахтар е мошне квалитетна екипа и треба да внимаваме. Ако играа во Бундеслигата ќе беа еден од фаворитите за титулата, што говори колку се опасни“, вели Жосеп Гвардиола, тренерот на Баерн Минхен.

Вечерва на олимпискиот стадион во Минхен, Пеп ќе ги нема на располагање Филип Лам и Чаби Алонсо, што е шанса за сензација на Шахтар. Двајцата играчи се влијателни во Баерн, особено во средината на теренот и во фазата на одбрана.

„Баерн е гигант на европскиот фудбал. И сега имаат моќен состав, еден од најдобрите на светот, што ги прави фаворити против нас. Но, секогаш фаворитите не победуваат. Никогаш не се знае и јас и моите играчи веруваме во успех“, изјави Мирчеа Луческу, искусниот волк на клупата на Шахтар. Тимот од Украина нема пораз на последните 7 дуели во сите натпреварувања.

baern

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top