Вработените на “Македонија Пат“ попладнево го тргнаа одронот камења на патниот правец Кичево-Охрид. Делнцата е слободна за сообраќај.
Прекинот на овој патен правец беше поради голем одрон меѓу селата Извор и Подвис кај месноста викана Овчанско Речиште, а сообраќајот беше пренасочен. Причина за одронот се обилните врнежи од дожд кои предизвикаа лизгање на седумдесеттина метри кубни карпи, камења и земја кои го блокираа коловозот на магистралниот пат Охрид – Кичево.
Опасност од појава на одрони уште има и на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, поради што на возачите им се препорачува внимателно возење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.