Познатата пејачка Мараја Кери ја продала куќата во која живеела со поранешниот сопруг и децата, а претходно не се консултирала со него.
Работата да биде уште полоша за Ник, Мараја не само што не го известила дека ја продала нивната заедничка куќа, туку и парите од продажбата ги задржала само за себе. Таа од продажбата заработила девет милиони долари.
Веднаш штом дознал, Ник поднел тужба против Мараја и побарал од судот да се замрзне исплатата на парите како и двајцата би постигнале решение за поделба. Покрај тоа Ник тврди дека никогаш не дал одобрение за продажба.
Мараја и Ник беа во брак шест години и имаат две деца, близнаците Марокана и Монро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.