Леброн Џејмс повторно одигра главна ролја во победата на Кливленд и со 27 поени, 8 асиситенции и 7 скока го зачини триумфот на коњаниците против Далас маверикс од убедливи 127-94. Кралот Џејмс стана најдобар асистент во историјата на Кливленд, а изненади со новиот имиџ. За првпат откако во 2003 година стаса во НБА лигата Леброн играше без лента на главата, што му беше заштитен знак цели 12 години.
Комплетната прва петорка на гостите од Кливленд одигра одлично и сите кошаркари што го почнаа мечот со Далас имаа двоцифрен учиннок во поени. Џејмс даде 27 поени, Ирвинг постигна 22, Лав и Смит стасаа до 21 поен, а Мозгов забележа 17 поени. Кај Далас Чандлер Парсонс беше најефикасен со 18 поени.
Резултати: Далас – Кливленд 94-127,Сан Антонио – Торонто 117-107, Јута – Њујорк 87-82, Бруклин – Њу Орлеанс 91-111, Индијана – Орландо 118-86, Л.А лејкерс – Детроит 93-85.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.