| четврток, 6 декември 2018 |

Пендаровски бара луѓе без криминал и хипотека – ги пушти низ вода Заев и Шекеринска

zaev-ser

– Нас ни требаат луѓе само со име и презиме, луѓе без хипотеки кои немале никаков криминал, професионални, стручни луѓе кои можат да ја водат државата напред – рече вечерва претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски. Свесно или не, тој ги пушти низ вода лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговата заменичка, Радмила Шекеринска.

Пендаровски очигледно подзаборави дека токму првиот човек на СДСМ, Зоран Заев беше осуден за тежок криминал вреден 8 милиони евра, а потоа аболициран од Бранко Црвенковски.

На 17 ју­ли 2008 го­ди­на, Заев беше уапсен заедно со уште пет­ми­на со­ра­бот­ни­ци по­ра­ди зло­у­по­тре­ба на служ­бе­на­та по­лож­ба во вр­ска со из­град­ба­та на тр­гов­ски­от цен­тар „Гло­бал“ во Стру­ми­ца, по што следеа протестите пред судот на опозициониот СДСМ.

Тогашното раководство на СДСМ, меѓу кој во првите редови беше и сегашната заменичка на Заев, Радмила Шекеринска организираше протести по приведувањето на Заев. Тогаш тие тврдеа дека нема било каква неправилност на градбата поради која се терети Заев, туку се работи за политички мотивиран случај.

Откако Заев беше соочен со доказите на обвинителството, слу­ча­јот за­вр­ши со або­ли­ци­ја­ потпи­ша­на од стра­на на то­гаш­ни­от пре­тсе­да­тел Бран­ко Цр­вен­ков­ски. Притворот и целата постапка беше прекината по одлуката на Црвенковски за аболиција. Одлуката беше највена кон јули 2008-та година, а формално беше донесена на втори август. Зоран Заев и петмината негови соработници избегнаа да се соочат со законот.

Стево Пендаровски очигледно вечерва ги пушти низ вода Заев и Шекеринска, бидејќи тоа не се луѓе за какви што говори Пендаровски, “без хипотеки кои немале никаков криминал“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top