– Нас ни требаат луѓе само со име и презиме, луѓе без хипотеки кои немале никаков криминал, професионални, стручни луѓе кои можат да ја водат државата напред – рече вечерва претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски. Свесно или не, тој ги пушти низ вода лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговата заменичка, Радмила Шекеринска.
Пендаровски очигледно подзаборави дека токму првиот човек на СДСМ, Зоран Заев беше осуден за тежок криминал вреден 8 милиони евра, а потоа аболициран од Бранко Црвенковски.
На 17 јули 2008 година, Заев беше уапсен заедно со уште петмина соработници поради злоупотреба на службената положба во врска со изградбата на трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, по што следеа протестите пред судот на опозициониот СДСМ.
Тогашното раководство на СДСМ, меѓу кој во првите редови беше и сегашната заменичка на Заев, Радмила Шекеринска организираше протести по приведувањето на Заев. Тогаш тие тврдеа дека нема било каква неправилност на градбата поради која се терети Заев, туку се работи за политички мотивиран случај.
Откако Заев беше соочен со доказите на обвинителството, случајот заврши со аболиција потпишана од страна на тогашниот претседател Бранко Црвенковски. Притворот и целата постапка беше прекината по одлуката на Црвенковски за аболиција. Одлуката беше највена кон јули 2008-та година, а формално беше донесена на втори август. Зоран Заев и петмината негови соработници избегнаа да се соочат со законот.
Стево Пендаровски очигледно вечерва ги пушти низ вода Заев и Шекеринска, бидејќи тоа не се луѓе за какви што говори Пендаровски, “без хипотеки кои немале никаков криминал“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



