| четврток, 6 декември 2018 |

Морбидна злоупотреба на СДСМ на ликот и делото на Тоше Проески

proeski

Морбидна, нечовечка и нехумана политичка злоупотреба на СДСМ на ликот и делото на Тоше Проески. СДСМ објави искреирани материјали според кои, наводно, Владата на семејството на Проески ја укинала помошта, поради тоа што партиски не им биле наклонети. Извори од Министерството за култура велат дека не е точно дека има некакви промени во исплатата на помошта за семејството на Проески. Трите илјади евра кои семејството на Тоше Проески ги добива за изнајмување на реликвиите во спомен куќата на Тоше Проески сѐ уште се исплаќаат редовно секој месец.

Досега Владата ја покажа својата искрена и отворена намера кон зачувување и одбележување на делото на Тоше Проески преку изградба на спомен куќа во износ од 5 милиони евра, изградба на пат кон манастирот Свето Преображение, кое беше подигнато по иницијатива на семејството Проески.

Исто така, од материјалот кој СДСМ го објави се дознава уште една работа, дека премиерот Никола Груевски се согласува со барањето на семејството Проески да се изгради почивалиштето на Проески според замислата на семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top