Вардар и Ренова најдоа идентичен победнички рецепт и со резултат 2-1 ги освоија бодовите во денешните натпревари од 19. коло во Првата македонска лига.
Вардар повторно е осамен на врвот со 3 бода предност пред шампионот Работнички, по триумфот против Металург. На националната арена „Филип втори“ поведе Металург со голот на Миле Крстев од пенал во десеттата минута, а пресврт најави Дејан Блажевски со прецизен удар во 43. минута.
Повратникот во вардаровиот состав Благоја Љамчевски беше непогрешлив во 50. минута за комплетен пресврт и тринаесетта победа на лидерот во Првата лига.
Ренова рано поведе со 2-0 против Брегалница со двата гола на Емини, а потоа исклучен беше Мециновиќ. Брегалница делумно ја искористи предноста од играч повеќе, намали по половина час со погодокот на Здравков, но не успеа да освои барем еден бод. Во второто полувреме гипсарите беа цврсти и ги одбија сите напади на штипјани, за три бода и зацврстување на четвртата позиција со 29 бода.
Утре во Куманово Шкендија ќе му биде домаќин на Пелистер, а Силекс во Кратово го пречекува Тетекс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пандев: Горд сум, овие момци можат да се носат со најсилните во лигата
-
Горан Пандев со музика и песна го прослави пласманот во првата лига на својот клуб
-
Голем инцидент во Хрватска: Маскиран хулиган влета на терен за да се пресмета со судијата (ВИДЕО)
-
Струмица се засилува со поранешните репрезентативци Брчков и Зивчевиќ