| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемен бројот на работници во индустријата

индустрија

Бројот на работници во индустријата во јануари е зголемен за 3,5 проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст од 4,4 проценти се бележи во секторот Преработувачка индустрија, додека во секторот Рударство и вадење камен има опаѓање за 3,7 проценти и во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,7 проценти.

Според главните индустриски групи, пораст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,9 отсто, Капитални производи за 30,5 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 3,4 отсто, додека опаѓање има кај Енергија за 4,5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top