| четврток, 6 декември 2018 |

Лавров: Западот да се запраша за Косово и за Либија, а не само за Крим

лавров

Руските партнери од западните земји треба повеќе да обрнат внимание и на бомбардирањето на поранешна Југославија и на косовското прашање, а не само на Крим, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

– Што се однесува до меѓународното право и вниманието кое го има во последно време, пред сѐ во врска со Крим, бараме нашите западни пратнери поревносно да се однесуваат и кон другите настани кои се случија неодамна во модерната историја. Тоа е бомбардирање од страна на земји од ОБСЕ врз една членка, мислам на Југославија, како и ситуацијата со едностраното прогласување независност на Косово, без никаков референдум – истакна шефот на руската дипломатија.

Лавров нагласи дека Москва „доследно се залага за почитување на меѓународното право во целосен капацитет на неговите цели и принципи“.

Тој додаде дека националистичките лидери во Украина пред една година отворено повикувале на протерување или уништување на Русите на Крим, но Западот на тоа не реагираше.

Според Лавров, и нападот на Ирак е извршен со „отворено измислени изговори“, а во случајот со Либија „грубо е злоупотребен мандатот на ОН“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top