| четврток, 6 декември 2018 |

Мажите и жените да бидат еднакви до 2030 година

mozok mazi i zeni

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун, вчера упати предизвик до владите на сите земји во светот да си го постават како цел постигнувањето еднаквност меѓу мажите и жените до 2030 година.

Бан нагласи дека клучот е во тоа мажите да го сменат начинот на размислување.

Две децении откако на конференцијата на ОН 189 земји ја усвоија платформата за постигнување на еднаквост, Бан изјави дека напредоот е премногу спор и предупреди дека тоа што е постигнато не е неповратно.

– Нашата цел мора да биде 50:50 до 2030 година – нагласи Бан на отварањето на седницата на Комисијата на ОН за статусот на жените, на која се разгледува напредокот кон родова рамноправност од конференцијата во Пекинг 1995 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top