| четврток, 6 декември 2018 |

Двете најпосакувани дестинации за меден месец

00040087

Малдиви

Кога станува збор за најромантичното место на Земјата, Малдиви секогаш го зазема челното место на топ-листите. Луксузот е карактеристичен за оваа островска држава и тука вљубените двојки можат да се сместат во вила на плажа со вчудовидувачки поглед кон едно од најубавите зајдисонца, но и во бунгалов, потопен во вода, во кој од подот може да го гледаат морското дно.

uttt

Љубителите на нуркањето имаат можност да допрат до најразлични морски суштества. Без разлика во кое време од годината сте решиле да биде вашата свадба, Малдиви секогаш се идеална опција за меден месец бидејќи температурата во текот на годината е меѓу 24 и 33 степени.

7u76

Дубаи

Што и да се каже за Дубаи, ќе биде малку. Лоциран на југоисточниот брег на Персискиот Залив, оваа луксузна оаза среде пустина им нуди на туристите најразновидни искуства. Ако сте се одлучиле токму таму да го поминете вашиот меден месец, едно од многуте романтични работи кои може да ги направите е да отидете на сафари со џипови, меѓу песочните дини и да ја поминете ноќта во шатор среде пустина.

i8777

Ако сте се одлучиле да се впуштите во луксуз, нема посоодветно место од Дубаи, луксузните хотели ќе ви ги остварат сите ваши желби. Иако секојдневниот живот на локалните жители е со забрзано темпо бидејќи Дубаи е еден од најбрзорастечките економски центри во светот, тоа во никој случај нема да ве спречи да се оддадете на комплетен одмор на некои од најшироките, бели плажи, уживајќи во незаборавни глетки.

7i76

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top