| четврток, 6 декември 2018 |

Ирина Шајк: Роналдо правеше да се чувствувам грозна

00040252

Руската моделка и поранешна свршеничка на ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, Ирина Шајк, во интервју за списанието „Ола“ со олеснување зборува за завршената врска со фудбалерот.

Шајк и Роналдо не се заедно од Нова година, по петгодишна врска, во која постојано се тврдеше дека се сакаат многу и се подготвуваат за свадба и за деца.

Русинката ја повтори својата претстава за идеален маж и призна дека Роналдо не бил таков.

ioi9(1)

– Мислев дека сум го нашла идеалниот човек, но се покажа дека не е така. За мене идеалниот е чесен господин, кој знае како да се однесува со жените. Не ми се допаѓаат мажи, кои ги прават несреќни партнерките. Кога една жена е со погрешен човек и не е сигурна, таа се чувствува грда. Јас бев во таква ситуација, признавам. За двајца партнери многу е важно да одат во иста насока и да го сакаат истото – вели Шајк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top