| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна состојба на северот на Грција поради поплави

Во регионот на Серес во северниот дел на Грција денеска е прогласена вонредна состојба по неколкудневните обилни врнежи, кои уништија многу посеви и поплавија делови од патната мрежа.

Според процена на техничките тимови што ги посетија најтешкопогодените општини во регионот, во десетици села поплавени се најмалку 5.000 хектари обработливо земјиште. Штета е евидентирана и кај системите за наводнување и одводнување, на руралните патишта и мостови.

Регионалните власти, исто така, предупредија дека водата во езерото Керкини е на опасно високо ниво и состојбата постојано се следи. Заменик-гувернерот на Серес Јанис Моисидис изјави дека властите не ја отфрлаат можноста за отворање на браната Керкини за да се намали притисокот на вештачкото езер0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top