Анонимен уценувач на Нов Зеланд се закани дека ќе го затруе млекото во прав за бебиња во знак на протест против тоа што оваа земја користи отрови за убивање на глодари, соопшти полицијата.
Тој се заканил дека на произведувачот на млечни производи „Фронтери“ ќе му испрати млеко во прав со пестициди.
„Фронтера“, најголемиот светски извозник на млечни производи и најголемата новозеландска компанија, како и здружението на земјоделци на Здружените фармери уште во ноември примиле заканувачки писма, соопшти полицијата.
Во соопштението се наведува дека заедно со писмата е испратен и мал пакет со млеко во прав, за кое по анализите е потврдено дека содржи концентриран облик на земјоделски пестицид 1080, кој новозеландските власти го користат за контролирање на популацијата на штетници како стаорци и опосуми.
– Уценувачот во писмото се заканил дека со средството 1080 ќе го загади млекото во прав за бебиња доколку Нов Зеланд не престане да го користи да крајот на март – изјави заменик-комесарот на новозеландската полиција Мајк Клемент.
Тој додаде дека полицијата од ноември се обидува да го открие идентитетот на уценувачот.
Премиерот на Нов Зеланд, Џон Ки изјави дека најверојатно станува збор за празни закани и им порача на родителите дека млекото за бебиња е безбедно за употреба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.