Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд го обвини рускиот претседател Владимир Путин за поткопување на безбедноста на земјите од Источна Европа.
– Сега се соочуваме со рускиот лидер, кој не сака да се придржува кон меѓународниот систем, заснован врз правилата за зачувување на мирот меѓу народите, туку ги поткопува – истакна Хамонд.
Тој нагласи дека дејствувањата на Путин, како што се незаконското присвојување на полуостровот Крим и испраќањето руски војници за дестабилизирање на источниот дел на Украина, суштински ја поткопуваат безбедноста на суверените земји од Источна Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.