Рускиот претседател Владимир Путин го одликува чеченскиот лидер Рамзан Кадиров со Орден за исклучителни достигнувања, активна општествена дејност и долгогодишна работа.
Покрај Кадиров одликуван е и пратеникот Андреј Луговој со Медал за заслуги од втор степен.
Западните медиуми одлуките на Путин ги оценија како контроверзни, бидејќи Велика Британија бара екстрадиција на Луговој, за да го испита за смртта на поранешниот руски агент Александар Литвиненко, кој почина од труење со полониум во 2006 година во Лондон.
Кадиров е одликуван само еден ден откако истражителите соопштија дека двајца Чеченци, од кои едниот поранешен полицаец, се уапсени под сомнеж дека учествуваче во убиството на опозиционерот Борис Немцов, на 27 февруари во Москва
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.