Ноќта сабота спрема недела, во 1.10 часот во Скопје, пред влез на угостителски објект на бул.„Филип Втори Македонски“ во Центар, настанала расправија меѓу К.М.(18), Ѓ.Н.(16) и С.А.(18) сите од Скопје од едната страна и Љ.М.(18) од Скопје од другата.
Во расправијата С.А. физички го нападнал Љ.М., додека другите лица со тврди предмети почнале да фрлаат кон угостителскиот објект и предизвикале негово оштетување.
По преземените мерки трите лица се приведени, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поденсок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


