Шест албански државјани, од кои пет девојки и едно машко лице биле откриени и приведени од полицијата по извршените контроли во два угостителски објекти во тетовско- гостиварскиот регион изминатата ноќ.
Како што информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, албанска државјанка на возраст од 35 години при полициска контрола околу полноќ била затекната во угостителскиот објект „Мона Лиза“ во гостиварското село Форино по што била приведена и задржана за понатамошна постапка.
Во период пак од 23 часот и 30 минути до 2 часот по полноќ припадници на полициската станица од регионалниот центар за гранични работи Север заедно со полицијаци од СВР Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект во Теарце што се наоѓал покрај патот Тетово граничен премин Јажинце. Според информациите од Јосифовски, при тоа биле затекнати четири албански државјанки на возраст од 20 до 38 години што нелегално работеле како пеачки и танчарки, едно машко лице од Албанија и една македонска државјанка.
– Петте странски државјани заедно со закупецот на објектот Б.Е.(33) од Слатино биле приведени, по што албанските државјани биле предадени за понатамошна постапка во Одсекот за прекуграничен криминал, странци и реадмисија за понатамошна постапка – рече Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Приведени 29 албански државјани кои непријавено работеле во Тетовско
-
Приведени странски државјанки во угостителски објекти
-
МВР го затвори кругот: Приведен и последниот осомничен за настаните од 5 април во Мала Речица
-
Решенијата за приведените ќе бидат објавени денеска: За пратениците се чека одлука дали ќе им биде одземен имунитетот