Велат дека вашиот пијалок открива многу за тоа каква личност сте. Иако го бие глас дека е машки пијалок, во виски уживаат и многу дами.
Според „Елит дејли“ постојат неколку причини зошто девојките кои уживаат во вкусот на вискито се посебни.
1. Таа е малку „опасна“
Луѓето кои пијат виски, често во друштвото имат репутација дека се опасни. Фактот што не вози мотор или, пак, не свири бас, не значи дека нема нешто диво во себе.
2. Таа е емотивна
Таа е емотивна и без виски, но кога има чашка повеќе во себе, секогаш ќе ви го каже она што го мисли.
3. Таа не се плаши да се избори за своето
Таа дефинитивно не е личност која ќе дозволи некој да ја гази. На првиот знак на непочитување, таа е подготвена да врати, макар и преагресивно.
4. Таа има вкус за пофини работи
Таа не пие виски само за да се опие побрзо или за да се докаже. Таа го цени алкохолот, а квалитетот на вискито го поттикнува нејзиниот интерес.
5. Таа е зрела
Вискито е избор на зрела личност. Како што вискито има зрел вкус, такви се и оние што го пијат.
6. Таа е веројатно еден софистициран мислител
Девојка која сака виски сигурно има софистициран хоби. Ако во креденецот за алкохол има залиха од виски, покрај креветот сигурно има дебели книги, и тоа не од типот на „Педесет нијанси сиво“.
7. Таа е провокативна
Некои пијалаци едноставно не се секси. Но, замислете ја само грубата сексуалност која избива од погледот на девојка што пие виски.
8. Не ги остави работите недоршени
Ако пиењето одраз на нејзините навики, таа знае дека работите не се оставаат до пола.
9. Таа е силна
Нарачувањето виски покажува самодоверба, а самодовербата е добар показател на силата. Очигледно е дека човек кој знае што сака, нема проблем со тоа што мислат другите.
10. Таа добро поднесува алкохол
Кој не сака девојка која може да се справи со некоја чашка повеќе, посебно кога сте излезени?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.