| четврток, 6 декември 2018 |

Мнозинство Австријци се против отстапки за Грција

­ Мнозинство Австријци е против отстапки за Грција во врска со долговите, се вели во анкета на Австриското друштво за европска политика.

Според анкетата, 58 отсто Австријци се изјасниле против излегување на ЕУ во пресрет на Грција во врска со долговите. Само 28 отсто се за задоволување на барањата на Грција.

Што се однесува до останувањето на Грција во еврозоната, Австријците се со поделено мислење. Така, само 40 отсто се за останување, а 42 отсто се ­ против.

За споредба, во Германија во крајот на јануари 54 отсто Германци се за останување на Грција во еврозоната, а само 36 отсто ­против.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top