Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, изрази загриженост поради уништувањето на древниот град Хатра во Ирак од групата Исламска држава.
Тој ги оквалификува нивните акции како воено злосторство и истакна дека е неопходно да се стави крај на тие пројави.
– Генералниот секретар итно ја повика меѓународната заедница да стави крај на терористичката акција колку може побрзо и го осудува шверцот со предмети со културна вредност… Генералниот секретар нагласува дека намерното уништување на нашето културно наследство претставува воено злосторство и виновниците треба да одговараат за тоа – соопшти прес-службата на ОН.
Освен Хатра, Исламска држава викендов го уништи и градот Дар Шарукин што се наоѓа во Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.