Телевизискиот канал „Русија 1“ најави дека наскоро ќе емитува филм под името „Крим. Пат до татковината“, во кој рускиот претседател Владимир Путин зборува за тоа како е изведена операцијата за враќање на полуостровот во составот на Русија, пренесуваат руските агенции.
– Ги повикав во Кремљ раководителите на нашите специјални служби, Министерството за одбрана, им дадов задача да го спасат животот на претседателот на Украина, Виктор Јанукович, затоа што сигурно ќе го убиеја – вели Путин во документарецот.
– Беа поставни митролези од голем калибар за да нема разни приказни. Се подготвувавме да го извлечеме директно од Донецк, по копно, море и воздух… Тоа беше меѓу 22 и 23 февруари 2014. При разделбата, им реков на колегите: принудени сме да почнеме активности за враќање на Крим во составот на Русија – вели Путин.
Агенцијата „РИА Новости“ потсетува дека Крим не го призна легитимитетот на новата украинска власт од февруари 2014 и дека е одлучено да се одржи референдум на 16 март за иднината на Крим. На референдумот 96,77 проценти од граѓаните на Крим се изјаснија за приклучување кон Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.