Нетолеранција на глутен е здравствен проблем, покажа едно истражување. Ова подолго време предизвикува дебата меѓу научниците. Голем број експерти сметаат дека чувствителност на глутен всушност не е здравствен проблем.
Новата студија спроведена на Националниот институт за здравје во САД опфаќа многу пациенти за кои се сомнева дека боледуваат од чуствителност на глутен, која не е резултат на целијакија.
Овие личности не биле алергични на пченица, но се сомневало дека глутенот е причина за нивните проблеми со варењето на храната.
По случаен избор поделени се на две групи: една била група која јадела ниски дози на глутен секојдневно, додека другата добивала плацебо од оризов скроб во текот на една недела. По тоа, учесниците ги замениле позициите.
Научниците откриле дека кај 59 отсто пациенти кои земањето глутен им ги влошиле симптомите, како болки во стомакот, надуеност и депресија. Тие симптоми биле сериозни кога испитаниците добиле глутен наместо плацебо.
Бидејќи студијата беше со мал обем, тешко дека врз основа на нејзините резултати конечно ќе се дојде до консензус меѓу научниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.