Најмалку 40 курдски борци и џихадисти од Исламската држава се убиени во денешните судири во Сирија, додека 11 цивили се убиени во воздушниот напад на владините сили на градот Ирбин, североисточно од Дамаск, кој е под контрола на бунтовниците.
Во судирите кои избија вчера, кога ИД ја почна офанзивата во намера од курдските сили да ја преземе контролата над градот Тал Тамром во покраината Хасакех, убиени се 40 борци од обете страни.
Преземањето на контролата над овој град на ИД би и овозможило да го контролира и клучниот пат кој ја спојува источната страна на провинцијата Хасакес со истоимениот град, кој е во рацете на Курдите, со што би добиле пристап до границата со ирак и џихадистичкиот бастион во Мосул
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.