| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел на Евровизија ќе пее на англиски јазик

Daniel Kajmakovski 01 (Custom)Македонскиот евровизиски претставник Даниел Кајмакоски интензивно работи на англиската верзија на песната „Лисја есенски” во студиото на продуцентот Роберт Билбилов, пишува Вест.
-Во моментов сме концентрирани и напорно работиме на новиот аранжман на песната на англиски јазик. Даниел, во Виена, на Евросонг ќе се претстави на англиски јазик. Публиката ќе одлучи како ќе звучи и дали и се допаѓа новиот аранжман на песната, вели Билбилов за Вест, додавајќи дека евровизискиот ангажман со Кајмакоски е негова најважна работна преокупација во моментов.

Билбилов за Вест вели дека не е исклучена можноста да соработува со Даниел и на други песни по Евросонг.

Роберт Билбилов е автор на песната “За миг”, која ја испеа Кајмакоски во дует со Тамара Тодевска, а беше промовирана пред Нова година.

Изборот на песна на Евровизија во Виена, Австрија, ќе се одржува од 19 до 23 мај, во Виенската градска сала, која е со капацитет од 16.000 места и беше домаќин на Европското ракометно првенство во 2010 година.

Ждрепката одлучи Даниел да настапи во првото полуфинале, на 19 мај, а второто полуфинале е на 21 мај, а финалната вечер – на 23 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top