Ѓумбирот се користи со векови за медицински цели и со право се смета за супернамирница.
На врвот на листата намирници кои се користат во готвењето, а при тоа се и лековити, свое место сигурно има и ѓумбирот. Може да се користи во различни форми: свеж, рендан, во прав, како масло или сок.
-
Лекува стомачни проблеми
Се смета дека ѓумбирот е најефикасен лек при стомачни проблеми. Без разлика дали станува збор за надуеност, гасови или грчеви, ѓумбирот е секогаш одлично природно решение. Покрај тоа, оваа билка ќе помогне во апсорпција на хранливите материи од храната.
-
Намалување на мачнина
Доколку патувањето ви задава мачнина и повраќање, ѓумбирот е еден од најефикасните начини за ублажување на симптомите. Ослободетесе од вртоглавица, потење, повраќање, користејќи ѓумбир во прав или чај.
-
Го намалува воспалението и болката
Ѓумбирот е познат по своето антиинфламаторно дејство. Научните истражувања покажале дека ѓумбирот е поефикасен од многу аналгетици, па добро ќе ви дојде доколку имате воспаление или болки. Чајот од ѓумбир ќе ви помогне да се ослободите од главоболка и несоница.
-
Спречува рак
Оваа медицинска намирница содржи моќни антиоксиданси кои делуваат превентивно на појавата на рак. Научните истражувања покажале дека ѓумбирот може да го забави развојот на клетките на ракот на дебелото црево, и делува како превенција за ракот на дојката, белите дробови, кожата, простата и панкреас.
-
Го зајакнува имунолошкиот систем
Со секојдневна конзумација на ѓумбир ќе го зајакнете имунолошкиот систем и ќе дејствувате превентивно на појава на настинка и грип. Оваа билка е богата со цинк, хром и магнезиум, ја стимулира циркулацијата на крвта и ја намалува треската, прекумерно потење и ја намалува телесната температурата. Подгответе чај од ѓумбир, додадете малку лимон и мед и уживајте во здрав напиток.
-
Го подобрува вкусот на храната
Рендан ѓумбир може да му даде егзотичен вкус на вашето јадење. Одлично оди со пијалок, десерт или главно јадење.
-
Помага во губење на тежината
Ѓумбирот може да го потисне вашиот апетит па со тоа ќе внесувате помалку калории. Покрај тоа ќе го забрза метаболизмот и согорувањето на маснотиите.
-
Делува како афродизијак
Веќе со години ѓумбирот се користи како моќен афродизијак, пишува womanitely.com. Ја зголемува циркулацијата и чувствителноста на нервните завршетоци. Затоа, следен пат кога подготвувате романтична вечера за двајца, не заборавајте да додадете и малку ѓумбир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.