| четврток, 6 декември 2018 |

Не запираат ѕверствата на ИД: Уништен уште еден антички град

Екстремистите на Исламската држава ги уништиле древните остатоци од 2.000 години стариот град Хатра на северот на Ирак, соопштило ирачкото министерство за туризам и антиквитети.

hatra-unisten-grad-isis-02

Тоа е најновиот напад на џихадистите на едно културно наследство во оваа блискоисточна дражва.

Неименуваниот службеник за Ројтерс изјавил дека министерството примило извештаи од своите вработени во градот Мосул, кој е под контрола на екстремистите, каде што градот Хатра денес бил уништен.

Ирачкото министерство за туризам и антиквитети, во четвртокот на својата официјална Фејсбук страна, објавило дека Исламската држава го “нападнала историскиот град Нимруд и го уништила со тешки возила”.

hatra-unisten-grad-isis-03

Нимруд, град основан во 13-от век пред нашата ера, лежи на реката Тигар, на околу 30 километри југоисточно од Мосул, втор град по големина во Ирак и упориште на ИСИС во таа земја.

Уништувањето на Нимруд, еден од дијамантите на асириската ера, следело една седмица откако џихадистичката група објавила видео снимка на која се гледаат екстремисти како уништуваат непроценливи древни уметнички предмети во музејот во Мосул.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top