Припадниците на Исламска држава (ИСИС) стојат зад некои од најужасните методи на погубување, како отсекување глави на заробениците и фрлање од покриви на згради. Сепак, последното во низата на убиства достигна ново ниво на изопаченост, пишува Дејли мејл. Имено, терористите на автоматското оружје монтирале камери, за од прво лице да ги снимаат последните моменти од животите на своите жртви.
Овие шокантни снимки се забележани на околу 70 километри северно од Тикрит, каде исламистите водат жестоки битки со над 30.000 ирачки воени припадници. На фотографиите се гледаат група заробеници со врзани очи како клечат и вриштат додека исламистите им ги држат пушките потпрени на главите. Снимките и фотографиите биле постирани на Интернет, а ги објавиле луѓе блиски на ИСИС. Набрзо се прошириле по голем број сајтови што промовираат тероризам и навиваат за злосторствата на Исламска држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.