| четврток, 6 декември 2018 |

Две лица повредени во сообраќајка на „Партизанска“

simpoДве лица се пожалиле на повреди во тешка сообраќајна несреќа која се случила утринава во 4 часот и 30 минути на крстосницата со „Франклин Рузвелт“ и „Партизански одреди“ кога „голф“ управуван од 38-годишниот скопјанец Г.Љ. и „мерцедес“ управуван од 45-годишниот Ѓ.Ц. од Скопје се судриле.

На повреди, како што информираат од СВР Скопје за „Курир“ се пожалиле возачот на „голфот“ и сопатник од „мерцедесот“, 41-годишниот Ш.К.. Двајцата биле пренесени во Ургентниот центар, каде што им се констатирани телесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top