Две лица се пожалиле на повреди во тешка сообраќајна несреќа која се случила утринава во 4 часот и 30 минути на крстосницата со „Франклин Рузвелт“ и „Партизански одреди“ кога „голф“ управуван од 38-годишниот скопјанец Г.Љ. и „мерцедес“ управуван од 45-годишниот Ѓ.Ц. од Скопје се судриле.
На повреди, како што информираат од СВР Скопје за „Курир“ се пожалиле возачот на „голфот“ и сопатник од „мерцедесот“, 41-годишниот Ш.К.. Двајцата биле пренесени во Ургентниот центар, каде што им се констатирани телесни повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст