| четврток, 6 декември 2018 |

Помош за имотно правни проблеми

imotno-pravniГраѓаните од денеска преку директна комуникација со стручни тимови на Управата за имотно правни работи ќе може да добијат стручна помош за решавање проблеми од имотно правен карактер и да добијат одговор на прашања од таа област.

Акцијата „Отворено со Управата за имотно правни работи“ се спроведува во просториите на подрачните одделенија за првостепена управна постапка, која ќе трае до 28 март од 10 до 18 часот, соопшти Министерството за финансии.

Денеска и утре акцијата ќе се одвива во подрачните одделенија за првостепена управна постапка во општините Карпош, Центар и Кисела Вода. На 22 март граѓаните добиваат можност за средби со стручни тимови на Управата во подрачното одделение за првостепена управна постапка во Куманово, на 25 во Битола, на 26 во Охрид и во Струга, на 27 во Гостивар  и во Тетово. Акцијата ќе заврши со активности на 28 март во подрачните одделенија за првостепена управна постапка во Струмица и во Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top