Вчера попладне околу 17,00 часот во дворот од куќата на Д.Ф.(51) на ул.„Мирче Ацев“ во Куманово , лицето К.Н.(62) од Куманово поради нерасчистени имотно-правни односи физички бил нападнат од страна на Д.Ф.
Тој со метален профил го удрил К.Н. во пределот на главата и откако паднал на земја продолжил да го удира со раце и дрво во пределот на главата и телото, нанесувајќи му телесни повреди.
Оштетениот е пренесен во Медицински центар Куманово, додека сторителот е приведен во СВР Куманово и против истиот по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.