Двајца маскирани разбојници во четвртокот вечерта го ограбиле маркетот „Стокомак“ на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, кражбата се случила синоќа околу 21.15 часот кога разбојниците влегле во маркетот и со закана со пиштол украле пари од дневниот промет.
Засега не се знае точната сума на украдени пари, од СВР Скопје велат дека подоцна ќе излезат со информација колку точно пари украле разбојниците.
Полицијата работи на расветлување на кражбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.