Претседателот на САД, Барак Обама, е меѓу 30-те највлијателни личности на интернет, според листата на магазинот „Тајмс“, пренесува ТАСС.
На листата се наоѓаат уште неколку претседатели, како и ѕвезди од шоу- бизнисот.
„Тајмс“ наведува дека меѓу државните лидери Обама има најмногу кликови „ми се допаѓа“ на „Фејсбук“ и најмногу следбеници на „Твитер“. Меѓу другите највлијателни државни лидери на интернет се претседателката на Аргентина, Кристина Кирхнер и премиерот на Индија, Нарендра Моди.
На листата на „Тајмс“ се наоѓа и рускиот опозиционер Алексеј Навални.
Меѓу претставниците на шоу-бизнисот се Тејлор Свифт, Шакира, Џастин Бибер, Бијонсе, Гвинет Палтроу и Ким Кардашијан.
Меѓу 30-те највлијателни личности на интернет се наоѓа и британската писателка Џоан Роулинг, авторка на „Хари Потер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст