| четврток, 6 декември 2018 |

Барак Обама на листата на „Тајмс“ на највлијателни личности на интернет

obama-obicham-amerikancite-dori-ako-sa-idioti-287553Претседателот на САД, Барак Обама, е меѓу 30-те највлијателни личности на интернет, според листата на магазинот „Тајмс“, пренесува ТАСС.

На листата се наоѓаат уште неколку претседатели, како и ѕвезди од шоу- бизнисот.

„Тајмс“ наведува дека меѓу државните лидери Обама има најмногу кликови „ми се допаѓа“ на „Фејсбук“ и најмногу следбеници на „Твитер“. Меѓу другите највлијателни државни лидери на интернет се претседателката на Аргентина, Кристина Кирхнер и премиерот на Индија, Нарендра Моди.

На листата на „Тајмс“ се наоѓа и рускиот опозиционер Алексеј Навални.

Меѓу претставниците на шоу-бизнисот се Тејлор Свифт, Шакира, Џастин Бибер, Бијонсе, Гвинет Палтроу и Ким Кардашијан.

Меѓу 30-те највлијателни личности на интернет се наоѓа и британската писателка Џоан Роулинг, авторка на „Хари Потер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top