| четврток, 6 декември 2018 |

Пандов: Зошто ЗНМ не реагира на заканите и понудите на фекалии и вазелини на медиумите од платниот список на Милчин?!

pandovСиноќа на соросовите Плусинфо, Либертас и A1on објавија информација дека локалната канцеларија на ОБСЕ го информирало Советот за етика за медиумите на Македонија да ги разгледа последиците од изјавите на Миленко Неделковски, бидејќи тие констатирале дека “во слободата на говорот и размената на различни мислења постојат граници кога се загрозени правото на живот и физичкиот интегритет на други лица”!? Тие се истите портали на кои Бранко Тричковски детално опишуваше како со снајпер поставен на скопското Кале пука и го убива премиерот Никола Груевски, а во истиот тој текст се надмина самиот себе објаснувајќи ни со колкава страст го сечел на делови, врзан на маса министерот Ставревски. Или тогаш Тричковски метафорички пишувал – напиша аналитичарот Александар Пандов на својот фесбук профил.

Тој смета дека токму на овие портали, финансирани од СОРОС, контролирани од опозицијата секој од нас може да прочита текстови со најдиректни закани.
-Понудата на фекалии, полови органи и вазелини и да не споменувам! Или тие од ОБСЕ немаат комјутери, па не читаат? Прочитале ли некогаш што се пишуваат за своите неистомисленици на Мактел, Народен Глас или Доказ? Како тоа не реагираат кога предходната вечер Сашо Ордановски на националната ТВ Телма го нарекува премиерот и владата битанги и хохштаплери и покрај забелешката на водителот Боби Христов, ликов најкомотно си продолжува со истиот речник, а кога Миленко го користи истиот вокабулар е опсност за слободата на говорот? Каде е да реагира Насер Селмани и неговата ЗНМ? После се човек не може а да не помисли дека и тие се на платниот список на Владе Милчин и неговата Сорос, па така им е наредено – напиша Пандов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top