| четврток, 6 декември 2018 |

Како кртот од НСА се криеше на московски аеродром? (1 дел)

Отка­ко пред две го­ди­ни тај­но го пре­не­се Ед­вард Сно­у­ден, чо­ве­кот што ги об­ја­ви тај­ни­те на аме­ри­кан­ска­та Аген­ци­ја за др­жав­на без­бед­ност (НСА), на без­бед­но ме­сто во Ру­си­ја, Са­ра Ха­ри­сон, акти­вист и уред­ник на „Ви­ки­ликс“, кри­шум  жи­вее во Бер­лин. За не­кои таа е по­ли­тич­ка хе­ро­и­на, за дру­ги со­у­чес­ник во пре­дав­ство

Мо­сков­ски­от ае­ро­дром „Ше­ре­мет­је­во“, ка­ко и мно­гу дру­ги ме­ѓу­на­род­ни ае­ро­дро­ми, е фреквентно и безбедно ме­сто. Има шест тер­ми­на­ли, че­ти­ри ре­сто­ра­ни „Бур­гер кинг“, про­дав­ни­ци во кои се про­да­ва ка­ви­јар без ца­рин­ски тро­шо­ци и ла­ви­на од ано­ним­ни па­ту­ва­чи кои вле­гу­ва­ат или из­ле­гу­ва­ат, но во ни­кој слу­чај не пла­ни­ра­ат да оста­нат та­му дол­го. Ме­ѓу­тоа, ле­то­то во 2013 го­ди­на ае­ро­дро­мот ре­чи­си шест не­де­ли бе­ше дом за двај­ца бе­гал­ци – Ед­вард Сно­у­ден, раз­уз­на­вач на НСА кој што­ту­ку има­ше обе­ло­де­не­то це­ла експ­ло­зив­на риз­ни­ца стро­го до­вер­ли­ви до­ку­мен­ти на Вла­да­та на САД, и 31-го­диш­на­та Бри­тан­ка Са­ра Ха­ри­сон, ко­ја бе­ше опи­ша­на ка­ко пра­вен истра­жу­вач вра­бо­те­на во еле­ктрон­ска­та ор­га­ни­за­ци­ја „Ви­ки­ликс“.

Ви­стин­ски шпи­он­ски ро­ман – раз­уз­на­вач-от­пад­ник во бег­ство со ми­сте­ри­оз­на ру­со­ко­са. Сно­у­ден по­ми­на не­кол­ку не­де­ли во Хонг Конг, до­де­ка не­го­ви­те откри­ти­ја за вла­ди­но прис­лу­шу­ва­ње ги преп­ла­ву­ваа свет­ски­те ме­ди­у­ми. Отка­ко САД на 14 ју­ни го об­ви­ни­ја за шпи­о­на­жа, на­лог за ек­стра­ди­ци­ја екс­прес­но бе­ше ис­пра­тен до Хонг Конг. Но, стиг­на пре­доц­на. Пред и да стиг­нат да го при­тво­рат, Ед­вард Сно­у­ден – во­ден од Са­ра Ха­ри­сон – мол­че­шкум се ка­чи на ави­он за Мос­ква и ис­чез­на.

Тра­га­та им се гу­би на „Ше­ре­мет­је­во“. Не се во хо­те­лот на тер­ми­на­лот, ни­ту, пак, се ка­чи­ле на ле­тот за Ха­ва­на за кој има­ле ку­пе­но кар­ти, од ка­де што, на­вод­но, тре­ба­ло да пре­бег­нат во Јуж­на Аме­ри­ка. Во ме­ѓу­вре­ме, САД го отка­жаа па­со­шот на Сно­у­ден. Се збо­ру­ва­ше де­ка нај­ба­ра­ни­от чо­век на све­тот бил заг­ла­вен во тран­зит­на­та зо­на на ае­ро­дро­мот би­деј­ќи не мо­жел да ја на­пу­шти Ру­си­ја, а без ви­за – не мо­жел ни да оста­не во неа.

– Са­ра не доз­во­лу­ва зап­ла­шу­ва­ња­та да ѝ вли­ја­ат на од­лу­ки­те. Ако не­кој се оби­де да ја при­си­ли да из­би­ра ме­ѓу га­зе­ње­то на сопс­тве­ни­те прин­ци­пи или да би­де спа­ле­на на кла­да, мис­лам де­ка таа са­ма ќе му по­да­де ки­брит – из­ја­ви Сно­у­ден.

Во фа­ма­та око­лу Сно­у­ден, ми­сте­ри­оз­на­та Са­ра Ха­ри­сон по­ми­на ре­чи­си не­за­бе­ле­жа­на. Во шпе­ку­ла­ти­вен на­пис, „Ва­шин­гтон пост“ твр­де­ше де­ка таа е про­из­вод од лу­ксуз­но учи­ли­ште со ин­тер­нат и де­ка еден пер­и­од му би­ла де­вој­ка на Џу­ли­јан Асанж, кон­тро­верз­ни­от Ав­стра­ли­ја­нец што ја ос­но­ва „Ви­ки­ликс“. Спо­ред ста­ри фо­то­гра­фии од неј­зи­но­то до­сие, таа е иск­лу­чи­тел­но прив­леч­на же­на, со дол­га, мал­ку ка­дра­ва ко­са и бле­ска­ва нас­ме­вка со ре­тки за­би.

svet130-2

Ако за­да­ча­та ѝ би­ла да го чу­ва Сно­у­ден на тај­но и на без­бед­но ме­сто, ма­е­страл­но си ја ис­пол­ни­ла об­вр­ска­та. Ус­пе­а­ја 39 де­на да кам­пу­ва­ат во тран­зит­на­та зо­на на ае­ро­дро­мот из­ма­му­вај­ќи тол­па но­ви­на­ри кои ги ба­раа. Те­ле­ви­зи­ски еки­пи па­тро­ли­раа низ ре­сто­ра­ни­те и низ са­ло­ни­те во кои се пла­ќа за влез. Но­ви­на­ри­те це­деа се­ка­кви мож­ни ин­фор­ма­ции од вра­бо­те­ни­те на ае­ро­дро­мот, што се све­ду­ва­ше ре­чи­си на ни­што.

По 18 ча­са на ден оста­ну­вам на ае­ро­дро­мот во де­лот по па­со­шка кон­тро­ла и без­бед­нос­ни­те прег­ле­ди за да го ба­рам Сно­у­ден. И це­ло вре­ме се пла­шам де­ка баш ко­га сре­де ноќ не­ма да сум та­му, тој ќе се по­ја­ви…, на­пи­ша на сво­јот блог вра­бо­тен на „Еј-Би-Си њуз“ ед­на не­де­ла сре­де по­тра­га­та.

А, на 1 август 2013 го­ди­на, Сно­у­ден ток­му тоа и го на­пра­ви. Со сра­меж­лив и блед изг­лед, се дов­леч­ка од еден ход­ник и из­ле­зе од „Ше­ре­мет­је­во“ – до­би ед­на го­ди­на азил во Ру­си­ја. Со не­го беа пол­нич­ки­от мо­сков­ски ад­во­кат што му по­мог­на око­лу ба­ра­ње­то за азил и Ха­ри­сон, ко­ја на се­бе има­ше хе­лан­ки, цр­на ма­и­ца и ши­ро­ка нас­ме­вка. Ка­де и ка­ко пре­сто­ју­ва­ле на ае­ро­дро­мот, оста­ну­ва тај­на. След­ни­те три не­де­ли, Ха­ри­сон оста­на со Сно­у­ден во Мос­ква, а жи­ве­е­ја на тај­на ло­ка­ци­ја пред таа без мно­гу фа­ма да се пре­се­ли во Бер­лин кон кра­јот на 2013 го­ди­на отка­ко неј­зи­ни­те ад­во­ка­ти ја со­ве­ту­ва­ле да не се вра­ќа во Обе­ди­не­то­то Кралс­тво, ка­де што би мо­же­ла да би­де го­не­та за те­ро­ри­зам.

Не­кои би рек­ле де­ка Ха­ри­сон мо­же­ше да да­де екск­лу­зив­но ин­терв­ју на те­ле­ви­зи­ја или да на­пи­ше кни­га за тоа ка­ко би­ла све­док на се­то тоа и го спро­ве­ла Сно­у­ден низ нај­о­пас­на­та игра и пра­вен пе­кол во по­но­ва­та исто­ри­ја. Но, таа не на­пра­ви ни­што од тоа. Оста­на мош­не ти­вка и про­дол­жи да си ра­бо­ти за „Ви­ки­ликс“. Из­ле­зе де­ка Ха­ри­сон е мно­гу, мно­гу вни­ма­тел­на за тоа што ќе ка­же. За да ја слуш­не­те неј­зи­на­та при­каз­на, ќе мо­ра да ја нај­де­те.

Прв­пат се срет­нав со Ха­ри­сон ед­но доц­но но­ем­ври­ско поп­лад­не во ка­фе­те­ри­ја во цен­тра­лен Бер­лин. Но­се­ше изб­ле­де­ни фар­мер­ки, ко­же­на јак­на и жол­то­ка­фе­а­ви чиз­ми. Се­де­ше на ма­ла ма­са над­вор со шол­ја топ­ло ка­фе, от­пор­на на сту­де­ни­от воз­дух. Има го­ле­ми ја­бол­чи­ци, дла­бо­ки си­ни очи, ка­дра­ва ру­са ко­са, фа­те­на со шно­ла. Се смее че­сто и глас­но, што е мал­ку из­не­на­ду­вач­ки за­тоа што че­сто збо­ру­ва за се­ри­оз­ни те­ми, ка­ко што се вла­ди­но прис­лу­шу­ва­ње и сло­бо­да на ин­фор­ма­ции.

Ни беа по­треб­ни ме­се­ци за да ја до­го­во­ри­ме сред­ба­та. Ха­ри­сон, чи­ја­што ра­бо­та про­тре­се вла­ди и вли­јае на свет­ски на­ста­ни, не е лес­но­до­стап­на. На веб-стра­ни­ца­та на „Ви­ки­ликс“ не­ма ин­фор­ма­ции за кон­такт со неа, а ра­бот­на­та по­зи­ци­ја ѝ гла­си „истра­жу­вач­ки уред­ник“. Таа е и еден од ос­но­во­по­лож­ни­ци­те и ди­ре­ктор на фон­да­ци­ја­та „Хра­брост“ – ор­га­ни­за­ци­ја за за­шти­та на лу­ѓе што из­да­ва­ат тај­ни ин­фор­ма­ции, но и та­му не­ма адре­са од неј­зи­на­та еле­ктрон­ска по­шта. Не­ма про­фи­ли на „Тви­тер“, „Фејс­бук“ и на „Линкд ин“, ни­ту, пак, има те­ле­фон. На крај, ус­пе­ав да ста­пам во кон­такт со неа пре­ку за­ед­нич­ки поз­нај­ник, кој се сог­ла­си да пре­пра­ти еле­ктрон­ска по­ра­ка, па та­ка и про­дол­жи ко­му­ни­ка­ци­ја­та.

Ко­га ве­ќе бев­ме ли­це в ли­це, љу­без­но ме за­мо­ли две ра­бо­ти: да не име­ну­вам на кои ме­ста сме се сре­ќа­ва­ле и да не откри­вам ка­ква мар­ка комп­ју­тер ко­ри­сти би­деј­ќи ќе би­де по­лес­на цел на ха­ке­ри. Ми об­јас­ни де­ка ме­ста­та на кои из­ле­гу­ва ги по­се­ту­ва­ат и дру­ги акти­ви­сти на бер­лин­ски­те дви­же­ња за при­ват­ност и гра­ѓан­ски сло­бо­ди или „сно­у­де­ни­сти“, ка­ко што ги на­ре­ку­ва, и Ла­у­ра По­и­трас, чиј­што до­ку­мен­та­рен филм „Гра­ѓа­ни­нот Че­ти­ри“ до­би „Оскар“ за нај­до­бар до­ку­мен­та­рен филм. Во овој те­сен круг на лу­ѓе си­те се чу­ва­ат еден со друг.

svet130-3

Ха­ри­сон се нас­мев­ну­ва зна­еј­ќи де­ка мо­же да зву­чи мал­ку па­ра­но­ич­но. Ве­ќе ги на­у­чи­ла неј­зи­ни­те ро­ди­те­ли и бли­ски при­ја­те­ли ка­ко да пи­шу­ва­ат ко­ди­ра­ни еле­ктрон­ски по­ра­ки. А, би­деј­ќи мо­бил­ни­от те­ле­фон мо­же да би­де иско­ри­стен да ја сле­дат, таа со го­ди­ни не­ма те­ле­фон и е на­вик­на­та да жи­вее без не­го. Не ве­ру­ва де­ка по­сто­ја­но ја сле­дат, но со ог­лед на неј­зи­на­та по­вр­за­ност со Сно­у­ден, кој се то­ва­ри за мно­гу кри­вич­ни де­ла во САД, и неј­зи­на­та ра­бо­та за „Ви­ки­ликс“, ве­ли де­ка е свес­на оти е пред­мет на ин­те­рес на др­жав­ни раз­уз­на­вач­ки аген­ции.

Неј­зи­на­та ра­бо­та ба­ра крај­но вни­ма­ние и сил­ни нер­ви. По­го­лем дел од неј­зи­но­то вре­ме е на­со­че­но кон про­вер­ка на автен­тич­но­ста на до­ку­мен­ти­те кои при­стиг­ну­ва­ат во „Ви­ки­ликс“ и пи­шу­ва­ње из­ве­штаи за нив­на­та со­др­жи­на, кои се об­ја­ву­ва­ат на веб-стра­ни­ца­та со до­би­е­ни­те ма­те­ри­ја­ли. Об­ја­ву­ва­ње­то та­кви до­ку­мен­ти е де­ли­кат­но и кон­тро­верз­но би­деј­ќи раз­о­ткри­ва мно­гу не­шта – од чо­веч­ки жр­тви во Ирак до по­ли­ти­ка­та на САД за за­тво­ре­ни­ци во за­тво­рот „Гван­та­на­мо“ и де­та­ли за атен­та­тор­ски­те про­гра­ми на ЦИА.

Мно­гу не­шта ука­жу­ва­ат де­ка Ха­ри­сон е ро­де­на за оваа ра­бо­та. Ка­ко де­те, по­ли­ци­те со кни­ги ѝ би­ле ор­га­ни­зи­ра­ни по аз­бу­чен ред и ка­те­го­ри­ја. Уште ка­ко ма­ла би­ла сме­ла во по­ли­ти­ка­та – на осум го­ди­ни ис­пра­ти­ла пис­мо до то­гаш­ни­от бри­тан­ски пре­ми­ер Џон Меј­џор пред­ло­жу­вај­ќи на­чи­ни за спра­ву­ва­ње со без­дом­ни­ци­те (до­би­ва пис­мо со при­ја­тел­ски тон ка­ко од­го­вор). Ќер­ка е на ди­ре­ктор на ма­ло­про­даж­на ин­ду­стри­ја и на ле­ктор. Сред­но обра­зо­ва­ние за­вр­шу­ва во при­ват­но учи­ли­ште во Кент, а фа­кул­тет во Лон­дон, со го­ле­ми па­у­зи во ме­ѓу­вре­ме за да па­ту­ва низ Ази­ја и Ав­стра­ли­ја ра­бо­теј­ќи ка­ко кел­нер­ка и хо­но­ра­рец за да се из­др­жу­ва. Ток­му со па­ту­ва­ње­то ги ви­де­ла не­ед­на­кво­сти­те во све­тот и ѝ се ро­ди­ла жел­ба­та да про­ме­ни не­што. Во 2008 го­ди­на трг­ну­ва на пра­кти­ка во Лон­дон во не­про­фи­тен Цен­тар за истра­жу­вач­ко но­ви­нарс­тво, а на­бр­зо се истак­ну­ва ка­ко на­да­рен истра­жу­вач.

Ко­га Џу­ли­јан Асанж во 2010 го­ди­на оди во Анг­ли­ја и кон­та­кти­ра со ди­ре­кто­рот на Цен­та­рот за да по­ба­ра по­мош во ар­хи­ви­ра­ње­то на 75.000 до­ку­мен­ти од вој­на­та во Авга­ни­стан, Ха­ри­сон вед­наш се при­ја­ву­ва ка­ко до­бро­во­лец. Дво­не­дел­на­та ра­бо­та пре­рас­ну­ва во по­сто­ја­но вра­бо­ту­ва­ње. За Асанж, таа ста­ну­ва не­за­мен­лив чо­век од до­вер­ба и не­го­ва дес­на ра­ка.

Иа­ко не­кои ве­лат де­ка би­ле и во љу­бов­на вр­ска, Ха­ри­сон ни­ту по­твр­ду­ва ни­ту, пак, одре­ку­ва.

– Ни­ко­гаш не сме ко­мен­ти­ра­ле за тоа – ве­ли таа, со ма­ла до­за ска­ме­не­тост.

Приз­на­ва де­ка на­чи­нот на кој ја опи­шу­ваа ме­ди­у­ми­те – уче­нич­ка, при­друж­нич­ка и љу­бов­ни­ца – ѝ бил и за­ба­вен и на­вред­лив. Има­ше на­во­ди де­ка му ја пер­е­ла об­ле­ка­та на Асанж до­де­ка пре­сто­ју­вал во Анг­ли­ја, а со неј­зи­ни­от ве­дар дух и моќ­на нас­ме­вка го смек­ну­ва­ла не­го­ви­от бод­лив од­нос со но­ви­на­ри­те. Ко­га Ха­ри­сон се по­ја­ви ра­мо до ра­мо со Ед­вард Сно­у­ден во Мос­ква, еден ита­ли­јан­ски вес­ник за­пра­ша да­ли таа би мо­же­ла да би­де Ма­та Ха­ри на 21 век.

– Мис­лам де­ка по­ра­ди не­до­сти­гот од ин­фор­ма­ции, единс­твен на­чин ме­ди­у­ми­те да ме опи­шат бе­ше ако ме иден­ти­фи­ку­ва­ат спо­ред чо­ве­кот со кој­што ра­бо­тев. И по­не­ко­гаш беа пре­о­стри во тоа – со лес­но­ти­ја ве­ли Ха­ри­сон.

Ха­ри­сон се­га ка­ко да жи­вее дво­ен жи­вот во пре­фи­нет дел на исто­чен Бер­лин, прик­ле­ште­на ме­ѓу мо­дер­ни­от ур­бан цен­тар и бе­тон­ски­те стан­бе­ни згра­ди, оста­ток од ста­ли­ни­стич­ка­та ера. Сè уште е стра­стен чи­та­тел, обо­жа­ва­тел­ка на Му­ра­ка­ми, а од не­о­дам­на поч­на­ла да чи­та и ро­ма­ни за фран­цу­ски­от от­пор. На­ве­чер оди на јо­га или се сре­ќа­ва со при­ја­те­ли, но нај­го­ле­ми­от дел од де­нот го по­ми­ну­ва са­ма до­ма, пред комп­ју­тер. Со Асанж ре­дов­но ко­му­ни­ци­ра­ат за про­фе­си­о­нал­ни по­тре­би иа­ко се не­ма­ат ви­де­но ре­чи­си две го­ди­ни. Дви­же­ње­то на двај­ца­та им е огра­ни­че­но. Ха­ри­сон не пла­ни­ра да се вра­ти во Анг­ли­ја до­де­ка не се про­ме­нат за­ко­ни­те за те­ро­ри­зам. Во ме­ѓу­вре­ме, Асанж две го­ди­ни го ба­раа за ис­пра­шу­ва­ње во Швед­ска по­ра­ди об­ви­не­ни­ја за се­ксу­а­лен на­пад на две же­ни за вре­ме на не­го­ви­от пре­стој та­му во 2010 го­ди­на, вед­наш по за­поз­на­ва­ње­то со Ха­ри­сон. Асанж, про­тив ко­го не се под­не­се­ни кри­вич­ни об­ви­не­ни­ја, упор­но из­ја­ву­ва де­ка на­во­ди­те се лаж­ни и де­ка се дел од го­лем за­го­вор за на­не­су­ва­ње ште­та на не­го­ва­та ре­пу­та­ци­ја. За Ха­ри­сон, слу­ча­јот е „дла­бо­ко ис­по­ли­ти­зи­ран“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top