| четврток, 6 декември 2018 |

Жените заработуваат 16 проценти помалку од мажите

зени

Во 2013 година родовата разлика во платите во Европската унија изнесувала 16,4 проценти во корист на мажите, при што истата е помалку од пет проценти во Словенија и повеќе од 20 проценти во Естонија, Австрија, Чешка и Германија.
Ова, како што јавува дописникот на МИА од Брисел го покажуваат денеска објавените податоци на Европската канцеларија за статистика (Евростат), а по повод Осми март, меѓународниот Ден на жената.
– Половиот јаз во платите претставува разлика меѓу просечната бруто-заработка на час за платите на машките вработени лица во однос на платите на жените, како процент од просечната бруто-заработка на час. Разликите меѓу жените и мажите на пазарот на трудот не се однесуваат само на разликата во плата, туку, исто така, и во однос на нивните занимања – наведуваат од Евростат.
Иако претставуваат 46 проценти од вработените лица, жените биле недоволно застапени меѓу менаџерите и само една третина од нив биле жени во 2013 година во ЕУ. Жените, според овие податоци, се повеќе застапени меѓу работниците за техничка поддршка, како и во сервисот за продажба и сметководство. А, јазот меѓу мажите и жените на пазарот на трудот е, исто така, значаен и во однос на видот на вработувања. Во 2013 година, една од три вработени жени (31,8 проценти) работеле со скратено работно време, во споредба со помалку од еден на десет мажи (8,1проценти). Овие податоци на Евростат се само мал дел од големата количина на податоци за поделба на пол во однос на работната состојба во Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top