| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановско-Осоговската епархија нема да ги зголеми цените за обредите

крштевка

Кумановско-Осоговската епархија информира дека нема да ги зголемат цените за верските обреди. Верниците што немаат средства, нема да бидат вратени од свештениците од Кумановско-осоговска епархија.

– Црквата е секогаш отворена за верниците и нема никогаш да врати верник. Но, кога секој од нас би доаѓал во недела и би оставил само по десет денари, ќе нема потреба воопшто да се наплаќаат потребите за верниците – вели отец Игор Здравковски од Кумановско-осоговската епархија.

Во Кумановско–осоговската епархија, информираше Здравковски, не постои ниту зголемување, ниту намалување на цените на која и да е било потреба за верниците.

– Пред Бога сите сме еднакви и за црквата нема поделба на богати и на сиромашни – вели свештеникот Здравковски.

Црковните храмови во Куманово не се подеднакво посетени, но со доброволниот прилог на граѓаните успева да ги одржува храмовите. Сето тоа што верниците го оставаат во црквите се смета за дар. Во Кумановско-осоговската епархија има повеќе 70.000 верници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top